Дали премиерот Заев ја поддржува активноста за воведување мировно образование како задолжителен предмет, факултативен или содржина во воспитно-образовниот процес, со цел да се намалат насилствата меѓу младите?
Минатата година Детската амбасада Меѓаши започна кампања за воведување на Образование за мир/мировно образование во воспитно образовните институции во Република Македонија како содржина и мерка за превенција од насилство и меѓуетнички поделби, како активност која ќе ја гради културата на мирот кај децата од најрана возраст. Воведувањето на мировното образование во системот на воспитание и образование ќе ги охрабри младите да заземат активен став и учество во нивната средина, со свесност за бројните видови неправди, дискриминации и насилства пренесувајќи им вештини и знаења кои се важни за градење на активен мир, граѓанско организирање и ненасилно дејствување.
Упативме барање до Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието за воведување на Мировното образование како составен дел на воспитно образовниот систем, но се уште нема.
На прашањето од Детската амбасада Меѓаши за Мировното образование, премиерот Зора Заев одговри дека е ЗА Мировното образование, посебно во средните училишта особено каде што ги имаме проблемите
Дали премиерот Заев ја поддржува активноста за воведување мировно образование?
Владата на Македонија е за воведување мировно образование во средните училишта