ЛИЦАТА ФАНТОМИ НЕВИДЛИВИ ЗА ДРЖАВАТА
Фондација за медиуми и граѓанско општество-МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ - Скопје
24/01/2018
Во Македонија има околу 3000 фантоми или лица без идентитет. Тие немаат право на здравствено осигурување и работа, не можат да гласаат, ниту да заминат од земјава. Едноставно се невидливи за системот и државата.
Преку животната приказна на семејството Сулејман од Шуто Оризари, ви ја пренесуваме голготата низ која минуваат овие семејства, но и негрижата на државата за овие луѓе, чиј проблем наместо системски да се реши, бројот на фантомите секоја година се’ повеќе се зголемува.
Изјави на Мухамед Точи, Асоцијација за интеграција на ромите "Месечина" - Гостивар
Љатифе Шиковска и Драги Змијанац , Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Македонија
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.